Во четвртиот натпревар на „балонот“ во Златибор, МЗТ Скопје стигна и до третата победа откако славеше над Борац со 99-75, во натпревар во кој тимот од Аеродром прикажа доминантно лице.
За разлика од другите натпревари, на овој, целокупниот ростер на „штрковите“ одигра на ниво. Играчите кои добија шанса од клупата постигнаа 38 поени, а најрасположен од нив беше Хасани Гравет кој забележа 19 поени, а додаде и три асистенции и две украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА