ФОТОГАЛЕРИЈА: Надежите на Канатларовски со финална изградба на тимот за квалификациите за ЕП 2025

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска со собирот во хотел Парк го означи почетокот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Ерменија и Малта во Скопје.

Избраниците на Драган Канатларовски попладнево, пак, на терените на ФФМ го одработија и првиот тренинг во пресрет на двете контролни пресметки, низ максимално позитивна атмосфера со верба за позитивни јунски резултати.

Младата репрезентација на Македонија на 15. јуни, со почеток во 17 часот ќе ја одигра првата контролна средба против соодветната селекција на Ерменија. Пет дена подоцна е вториот контролен дуел, во истото време (17 часот) против репрезентацијата на Малта. Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година, на 8. септември против Шведска ги започнува квалификациите за пласман на ЕП 2025.

 

Се вчитува...