Место гордост – срам и горчина за Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Кожани, 

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Роберт Спасовски

Во Битола со Турција немаше игра ама барем имаше резултат. Во Кожани со Грција немаше ни игра ни резултат за македонската ракометна репрезентација. Наместо гордост против „аутсајдерот“ кој никогаш не настапил на големите натпреварувања, македонските ракометари во Кожани доживеаја пораз и срам, од играта од ноншалантноста, од безидејноста… Ни Никола Митревски со 15 одбрани не успеа да ја спаси ситуацијата  која од минута во минута стануваше се полоша за „црвено-жолтите“. Без игра и без хемија, ни во одбраната, ни во нападот, на Грците им ја поклонивме победа и заслужена радост.

За македонскиот ракомет и за „славната“ чета на „ел команданте“ пак, останува само горчина и неизвесна иднина.

 

Се вчитува...