Работнички со победа го стартуваше своето европското лето во новата натпреварувачка сезона. Со гол предност „романтичарите“ ќе патуваат во Будимпешта на реваншот од 1. квалификациско коло за ЛЕ против Хонвед откако на првиот натпревар во Скопје славеа со 2-1.
Минимална, но заслужена победа на составот на Ѓоре Јовановски, која според играта можеше да биде и поубедлива… Можеше да биде и триумф без примен гол доколку не беше оној несреќно примен гол со шут од 30 метри во последните секунди од првиот дел.
Во секој случај македонските фудбалери, преку оваа победа, имаат повеќе од доволен мотив за добро издание и на реваншот кој се игра на 17. јули во Будимпшта, и пласман во следната рунда од квалификациите за Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА