Изминатиов викенд во Скопје се одржа Националното првенство во кик бокс за сите возрасни категории на татами и во ринг во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.
Најуспешен клуб на државниот шампионат е КБК Шампион од Скопје со вкупно освоени 45 медали – 31 златен, 8 сребрени и 5 бронзени, пред Гладијатор од Скопје со 44 одличја – 23 златни, 11 сребрени и 10 бронзени и Тим Зоран со 24 одликувања, од кои 10 златни, 6 сребрени и 8 бронзени.
На листата на освојувачи на медали понатаму следат Феникс некст левел 19 медали (9-5-5), Прокик фемили со 12 медали (9-2-1), Енерџи со 18 медали (8-4-6), Будо од Кавадарци со 19 медали (6-5-8), Гладијатор фајт со 11 медали (6-3-2), итн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

































