Фудбалерите на Македонија ЃП не успеаја да извлечат позитивен резултат на првиот натпревар од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против летонската РФС Рига.
„Лавовите“ загубија со 0-1 од Летонците кои подобро се снајдоа под жешкото скопско сонце.
Избраниците на Горан Симов одиграа лошо прво полувреме и квалитетен втор дел кој, сепак, не се покажа доволен да се извлече барем реми. Сега останува предизвикот за седум дена во Рига „лавовите“ да се обидат да дојдат до изненадување и пласман во следната рунда европски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА