ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари неславно го завршија ЕП 2022, со три порази на трите одиграни натпревари во Дебрецин. Неуспехот против Данска, изразен со десет гола разлика, е очекуван, но останува тагата за пропуштената шанса на првите две средби, кога се можеше да се стигне до далеку подобар резултат и против Словенија и против Црна Гора.
Македонија ниту еднаш во изминатите единаесет години редовни настапи на големите натпреварувања немала вака очаен скор, без ниту еден единствен освоен бод и експресна елиминација по првата фаза.
Ова дефинитивно е првенство за заборав, а останува само да се извлечат поуки за што побрзо да се тргне напред. Затоа што време нема бидејќи за два месеци стартуваат баражите за нредниот ракометен мундијал. А патот до него по слабиот пласман во Дебрецин ќе биде уште потежок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА