ФОТОГАЛЕРИЈА: Позитивни вибрации, насмевки и триумфални мисли на првиот ден од собирот пред Украина

Македонската репрезентација попладнево на стадионот на тренинг комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ ги стартуваше подготовките за квалификацискиот натпревар против Украина кој ја очекува на 14. октомври во Прага.

Очигледно беа позитивните вибрации меѓу репрезентативците уште на првиот ден од собирот, посебно после максимално позитивните септемвриски дуели против Италија и против Малта кои ја вратија Македонија во игра и за втората позиција на табелата во квалификациската група за ЕП 2024.

Селекторот Боби Милевски од првиот ден, комбинирајќи со позитивните мисли меѓу фудбалерите, сепак и со максимална сериозност на тренингот во желбата што поподготвени да го дочекаме дуелот со Украинците во Прага. На тренингот комплетниот репрезентативен состав, во очекување уште на приклучувањето на Елиф Елмас кој вечерва треба да допатува од Италија…

 

 

Се вчитува...