(ФОТОГАЛЕРИЈА) Работнички повторно „издоминиран“, овој пат од Младост

Како што го отвори „балонот“ во АБА2 лигата, Работнички така и го затвори – со убедлив пораз, овој пат од Младост од Земун со 89-73.

Избраниците на Димитар Мираковски потфрлија во одбраната каде не можеа да се одбранат од корпулентните високи играчи на противникот, но и од бековите кои со „пробивањата“ создаваа проблеми за македонскиот состав. Во полза на „црвено-белите“ не беше ниту шутот зад линијата 6,75 каде постигнаа 12 тројки од 32 обида.

 

 

 

Се вчитува...