Македонија шести пат по ред ќе биде дел од светските ракометни шампиони, откако со победата над Чешка беше обезбеден континуитетот од настапи на големите натпреварувања, од кои „црвено-жолтите“ се дел уште од 2012 година во Србија.
Ракометарите и „фалангата“ денеска имаа нова успешна приказна, асовите блескаа на терен додека беа бодрени од 7.000 грлаод трибините.
На крајот, како што доликува, успехот беше заеднички прославен на паркетот, откако стотици навивачи се симнаа доле на теренот, а играчите останаа до крај, за фотографија за спомен со секој што го побара тоа од нив.
Подмладувањето ќе продолжи и ќе биде уште поголемо за СП 2022, но Македонија во овие бараж пресметки најави дека се создава нов силен колектив кој ќе може да се носи со ривалите од ракометната елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА