Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред бараж двомечот со Фарскси острови на кој нашите ракометари ќе се обидат да стигнат до нова мундијалска виза и да го задржат континуитетот од настапи на големите натпреварувања.
Атмосферата е одлична, а ракометарите се свесни дека противникот е незогден, но решени се да дадат се од себе за да остварат нов успех. Селекторот Лазаров дополнително го повика Карапалевски од Вардар кој во наредните денови ќе тренира со националниот тим. Предвидено е денеска и утре да се тренира, а во недела утрото ракометарите да го минат велигденскиот празник со семејствата, за попладне истиот ден да се вратат на тренинзи.
Последни ќе стигнат Никола Митревски и Филип Талески кои викендов ќе играат дерби во португалското првенство, па во недела попладне ќе се приклучат на националниот тим. Репрезентаацијата тргнува за Фарски острови во вторник наутро со чартер лет, а во среда го игра мечот во Торшаван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА