ФОТОГАЛЕРИЈА: Репрезентативките, по триумфот во Рига, во извонредна атмосфера пред утрешниот меч со Словенија

Македонската женска репрезентација под водство на новиот селектор Александар Андов на одличен начин ги стартуваше натпреварите од Лигата на нации, со гостински триумф против Летонија во Рига од 3-4.

Сето тоа сега носи нов огромен мотив за избраничките на Андов пред новиот предизвик и пресметката со Словенија утре (9. април) која ја играме со почеток од 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Во одлична атмосфера македонските репрезентативки водени од капитенот Наташа Андонова денеска го одработија официјалниот тренинг во очекување на утрешниот натпревар со Словенките. Јасна е желбата кај сите репрезентативки со нова победа да се продолжат настапите во Лигата на нациите.

 

Се вчитува...