Македонските репрезентативци под „полна пареа“ денеска ги продолжуваат тренинг-активностите околу подготовката за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн кој е во фокусот овој септември.
Претходно, избраниците на Благоја Милевски на 4. септември во Прага ги очекува пријателскиот натпревар со Саудиска Арабиија, а потоа на 7. септември на националата арена „Тодор Проески“ во Скопје се пречекува Лихтенштајн.
Денеска веќе беше одработен утринскиот тренинг, а Македонија ќе се комплетира на попладневниот тренинг од 17:30 часот кога на националниот тим ќе се приклучат Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. И двајцата во текот на вчерашниот ден ги официјализираа договорите со своите нови клубови, Елмас како повратник во Наполи а Чурлинов во турски Коџаелиспор…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

