Големиот успех на квалификацискиот турнир на Фарските Острови осетно ја подобри атмосферата во македонската женска ракометна репрезентација. „Црвено-жолтите“ обезбедија пласман во баражот против Шведска, но што е уште поважно – ја надминаа менталната бариера по серијата од неколку години без победа на официјалните натпревари.
Сега се е полесно, а голем плус за селекторот Симе Симовски е враќањето на Мирјета Бајрамовска, со која нашата бековска линија ќе биде многу поопасна.
На ред се контролните натпревари на турнирот во Турција, кои ќе послужат одлично за темпирање на формата за претстојниот двомеч со Шведска. Македонија поседува потенцијал, а со поголема верба во сопствените можности ќе може да се носи и со „поголемите“ селекции, Симовски и неговите избранички се на добар пат да го остварат тоа.
[new_royalslider id=”660″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА