МЗТ Скопје со пораз од 72-74 против составот на Подгорица ја отвори новата сезона во АБА2 лигата. Аеродромци на овој натпревар потфрлија во шутот за три поени, погодија само 6 од 25 обиди, а почетничките грешки на крајот на натпреварот ги чинеа два бода на првиот „балон“ натпревар.
Избраниците на Ѓорѓи Кочов во продолжението од сезоната треба да одиграат на далеку повисоко ниво доколку сакаат да ги исполнат очекувањата и следната сезона да се пласираат во првата АБА Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА