Малку кој очекуваше дека Скопје ќе има ваков пролетен старт во шампионатот… За многумина веќе отпишаниот состав на Љупчо Марковски со сите сили како феникс се врати на прволигашката сцена, по денешниот триумф и над Шкупи сериозно со реални шанси сега и за опстанок во Првата лига.
Интересно, Скопје заедно со Шкендија го имаат најдобриот резултатски ефект пролетва. Заедно со Шкендија единствената екипа без пораз во пролетниот дел од првенството со две победи и четири ремија. И притоа со само еден примен гол на шестте дуели, оној од Ренова во последните секунди од мечот за 1-1.
Демонстрацијата на сериозност во играта, цврстата тактичка поставеност и огромниот мотив кај играчите и денеска во Гостивар јасно покажуваат дека тимот од Автокоманда и тоа како е решен да остане прволигаш!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА