Македонската кошаркарска репрезентација ги стартуваше подготовките за претстојниот „балон-турнир“ во Талин, каде ќе ги одмери силите со Италија и со Естонија во обид да си ги врати шансите за пласман на Евробаскет 2021.
Целта е јасна – да се остават зад себе поразите на стартот од овој квалификациски циклус и токму на овој турнир да се покаже вистинското лице на Македонија, да се демонстрира зошто нашиот национален тим заслужува да биде дел од елитата, за првпат по 2015 година.
Атмосферата беше победничка, само подготовките нека минат без дополнителни проблеми, па „црвено-жолтите“ да им се реваншираат на Естонците, а зошто да не и да им го нанесат првиот квалификациски пораз на Италијанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА