Струга Трим Лум продолжува со одличниот старт на сезоната, пласирајќи се и во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Стружани по пенал-рулетот во осминафиналето со 4-3 по шест серии славеа против Работнички, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. А, херој за Струга ТЛ во пенал-серијата беше голманот Урош Ѓуриќ со три одбранети пенали на „романтичарите“.
Составот на Срѓан Захариевски продолжува на тој начин со позитивниот од низ сезоната, со сериозни амбиции и за игра до самата завршница во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА