Македонскиот ракомет очигледно во новата сезона ќе го има стариот добар ривалитет меѓу Пелистер и Вардар кој долго го немаше на нашата спортска сцена. Финалето на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2020“ го потврди сето тоа.
Пелистер по долги, долги години се радуваше на победа против „вардарци“, можеби како најава за се она што ги чека двата тима во сезоната која претстои. Натпревар со резултатска возбуда, тензија, инает и сеир на крај зачинет и со физичка пресметка, и пред очите на ракометни стратези, селектори и членови на УО на РФМ – тоа се Пелистер и Вардар!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА