ФОТОГАЛЕРИЈА: Центарско славје, аеродромска тага, но најголем победник е кошарката

Работнички и МЗТ Скопје со суперинтересниот натпревар во првото коло најавија возбудлива кошаркарска сезона. Прв меч по пауза од осум месеци, грешките кај двата тима беа сосема очекувани, но и „центарци“ и „аеродромци“ покажаа огромна желба за победа, тактичко надмудрување и борба за секоја топка на теренот. На трибините немаше навивачи, но тоа не се одрази на изданието на теренот, каде сите актери заслужија чиста десетка за залагањето.

На крајот, со поладни глави и помирни раце беа кошаркарите на Работнички, на кои оваа победа сигурно ќе им ја крене самодовербата пред премиерните настапи во АБА2-лигата.

Сезоната е долга и има уште многу за играње, но ова дерби заедно со неколкуте интересни средби од вчера и денеска нека биде најава за квалитетна и неизвесна кошаркарска сезона.

 

Се вчитува...