ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар очаен на терен, „Комити“ ги вадеа фудбалерите од соблекувална па им држеа „лекција“

Вардар одигра уште една разочарувачка партија на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, за огромно разочарување и на неговите најверни навивачи „Комитите“.

Подобри од црвено-црните денеска на арената „Тодор Проески“ на терен беа фудбалерите на Воска Спорт кои победија со 1-3 во „дербито на дното“, на тој начин препуштајќи ја сега последната позиција на табелата токму на Вардар.

Па, тоа беше сосема доволна прична за огромен револт меѓу „Комитите“ кои уште во текот на самиот натпревар побараа од клубот да заминат од неодамна новоименуваните раководители, за кои беа против нивно доаѓање уште пред стартот на сезоната.

 

На крај, откако по мечот вардаровите фудбалери заминаа во соблекувалните, „Комитите“ ги натераа да се вратат на терен и пред Западната трибина постројувајќи ги со „лекција“…

Се вчитува...