ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Вардар е неприкосновен во регионот. Ниту во далечниот Брест, кој имаше на располагање и судиски „добар гест“, Вардар не паѓа. И може против сите други заедно. Го порача тоа Игор Карачиќ, а го потврди капитенот Столе Стоилов со ставот дека Вардар има победнички карактер.
„Црвено-црните“ се во ново финале на СЕХА, утре ќе се пресметаат уште еднаш со Загреб, кого го преслушаа пред неколку денови и во Лигата на шампионите. Истите ривали, а сега нов трофеј е во игра. И Вардар го држи, не сака да го пушти во други раце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА