ЕКИПА во Гдањск,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Младата репрезентација на Македонија го одработи и последниот тренинг пред утрешниот трет натпревар на Европското првенство во Полска, против селекцијата на Португалија.
Селекторот Благоја Милевски на тренингот кој беше одработен на едно од помошните игралишта на Лехија во Гдањск, сметаше на сите фудбалери, со исклучок на централниот дефанзивец Дарко Велковски кој се чини и дефинитивно нема да може да биде во комбинација за утрешниот дуел со Португалците. На негово место во одбранбената линија се очекува да настапи новиот фудбалер на Вардар, Висар Муслиу.
Тренингот, пак, вечерва го одработи комплетно Бобан Николов кој ќе биде подготвен да се стави на распологање на Милевски за утрешниот дуел против Португалците кој го играме во Гдиња.
[new_royalslider id=”697″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА