Работнички катастрофално ја стартуваше сезоната во АБА2-лигата, губејќи со преубедливи 98-69 од црногорскиот прволигаш Студентски Центар.
Младиот црногорски состав им одржа лекција на „центарци“, доминираше на двете страни од рекетот, но што е најважно од се, многу повеќе ја посакуваше победата од „центарци“. Тренерот Мираковски по мечот изјави дека неговиот тим не можел да игра подобро поради заморот и згуснатиот распоред, што никако не смее да биде изговор за екипа со сериозни амбиции како „центарци“.
Со овие домашни кошаркари и со донесените странски засилувања, како и со буџетот што го има клубот, Работнички мора да атакува на врвот во оваа втора лига, за влез во елитното друштво. Заморот може да биде причина за пад на концентрација во одреден дел од мечот, но кога ќе се игра катастрофално од почеток до крај, треба да се признае дебаклот и што поскоро да се извлечат поуките, да се поправат грешките.
За истиот да не се повтори во иднина…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА