ФОТОГАЛЕРИЈА: Брегалница по цели 11 години слави против Работнички во Скопје – Здравков до првата тренерска победа со „сините“!

Легендата на Брегалница и штипскиот фудбал Горан Здравков дојде до првата официјална првенствена победа како тренер на својата Брегалница.

„Сините“ денеска славеа со 0-1 на гостувањето против Работнички во Скопје во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. По цели 11 години, Брегалница успеа да го победи Работнички на гостински терен.

Последната победа на штипјани против Работнички во Скопје беше на 7. април 2012 година кога Брегалница победи со 1-3 со два гола на Генц Исени и еден на Иван Митров. Од тогаш 12 натпревари не знаеја „сините“ за триумф во Скопје за да конечно под водство на Здравков сега се дојде до славје на „Борис Трајковски“… Славје зачинето на крајот и со прослава со верната „Фаланга“…

 

Се вчитува...