Во фокусот низ моментите на пречекот на кошаркарите на Србија во Белград секако Бориша Симаниќ, кој на радост на спортската јавност во Србија се врати со тимот во својата земја.
Симаниќ остана без бубрег, по три хируршки интервенции во Манила, по еден навидум сосема безопасен дуел на мечот со Јужен Судан поради кој заработи крајно незгодна повреда.
Сега, Симаниќ во авионот на враќањето во Белград сосема опоравен седеше до селекторот Светислав Пешиќ, фотографија која сигурно ја израдува и светската кошаркарска јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

