ФОТОМОНТАЖА НА ДЕНОТ: Некој тоа од горе гледа се…!

Низ часовите и деновите во кои фудбалскиот свет единствено e фокусиран на заминувањето на еден од најголемите фудбалери кои ги познава човештвото, Диего Армандо Марадона, се издвои денеска и фотомонтажата како најава за натпреварот на Наполи во Лигата на Европа.

Наполи вечерва триумфираше со 2-0 против Ријека, а пред натпреварот никој не остана рамнодушен на фотомонтажата која порачува дека големиот Марадона и од небото во иднина ќе го гледа секој натпревар на својот Наполи во чии редови се прослави од 1984 до 1992 година.

Се вчитува...