По ремито без голови во претходното коло, Баерн Минхен повторно се врати на победите во Бундеслигата. Бавараците во 25. коло славеа убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Фрајбург.
Домашните беа недораснат противник за баварската машинерија, која до водство дојде уште во 25. минута со автоголот на Швалоф. Толисо во 28. минута зголеми на 0-2, а во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и Вагнер во 54. минута и Томас Милер во 65. минута од средбата.
По овој триумф, Баерн Минхен има 63 бода на врвот од табелата, дури 20 бода повеќе од второпласираниот Шалке 04. На делба на третата позиција се Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт со по 42 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА