Фрајбург го шокираше Баерн, „милионерите“ со минимален триумф

Баерн Минхен доживеа уште еден шок на „Алијанц арена“ играјќи 1-1 против Фрајбург. Борусија Дортмунд оствари минимална победа, па сега врвот на табелата во Бундес-лигата и понатаму им припаѓа на „милионерите“ кои имаат четири бода предност.

Серж Гнабри го отвори резултатот за баварскиот тим стрелајќи во 80.минута од натпреварот, но Фрајбург стигна до бод со голот на Лукас Холер во 89.минута.

Борусија Дортмунд славеше на гости против Волфсбург со 0-1, со голот на Марко Ројс во 27.минута од мечот.

Хофенхајм беше убедлив (1-4) на гости против Баер Леверкуен, а Шалке славеше против Хановер со 3-1.

Резултати Германија: Аугсбург – Нирнберг 2-2, Баер Леверкузен – Хофенхајм 1-4, Баерн Минхен – Фрајбург 1-1, Волфсбург – Борусија Дортмунд 0-1, Шалке – Хановер 3-1.

Се вчитува...