Фрајбург успеа да го запре победничкиот од на Борусија Менхенгладбах во првиот натпревар од 9. коло во Бундеслигата.
Фрајбург триумфираше со 3-1 пред своите навивачи, на тој начин спречувајќи Менхенгладбах со евентуален триумф да се израмни на врвот од табелата до Борусија Дортмунд.
Петерсен уште во 1. минута од пенал донесе водство на Фрајбург. Во 20. минута преку Азар, повторно со гол од пенал, гостите успеаја да израмнат на 1-1. Но триумфот на Фрајбург го навести Валдшмит со погодокот во 57. минута од натпреварот, а го заокружи на 3-1 Холер со голот во четвртата минута од судиското продолжение.
Ова е прв пораз на Борусија Менхенгладбах по четири едноподруго натпревари на кои славеше во три наврати а еднаш ремизираше. Со овој пораз остана на 17 бода, три помалку од водечката Борусија Дортмунд. Фрајбург, пак, сега со 12 бода се проби на осмата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА