Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт ги поделија бодовите во голеадата на „Европа Парк“

Дербито во 22. коло во Бундеслиата помеѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт заврши без победник во натпревар во кој беа постигнати шест голови.

Голеадата започна во 27. минута кога Мармуш донесе предност од 0-1, но славјето на гостите траеше само три минути. Доан во 30. минута изедначи на 1-1, а до крајот на полувремето беа постигнати уште два голови. Кануф одново донесе гостисна предност со гол во 35. минута, а Грифо во петата минута од судиското продолжение изедначи на 2-2.

Кнауф одново го доведе својот тим во водство со гол во 72. минута, но Грегорич во 90. минута се погрижи за бод за Франкфурт.

 

Се вчитува...