Поранешната италијанска тенисерка и освојувачка на Ролан Гарос, Франческа Скијавоне објави дека изминатите седум месеци се борела со туморот и дека успеала да победи во најважниот меч во нејзиниот живот.
„Дозволете да ви кажам што се случи во последните седум месеци од мојот живот. Дијагностициран ми е тумор. Тоа беше најтешката борба со која се соочив во животот. Најдобро од се е што успеав да победам. Кога ми рекоа дека го победив туморот, експлодирав од среќа. Подготвена сум за нови проекти кои поради болеста не можев да ги реализирам“, изјави Скијавоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА