Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот откако во последната трка во Валенсија неговиот единствен конкурент Хорхе Мартин по инцидент со Марк Маркез прерано ја заврши трката.
На крајот Бањаја со феноменална трка запиша уште една победа, додека друштво на подиумот му правеа Диџантонио и Жоан Зарко.
Марк Маркез денеска ја возеше последната трка на Хонда со која ги забележа најголемите успеси во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА