Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, и официјално е член на „Куќата на славните“ на клубот. Тој пред почетокот на вечерашниот меч од Лигата на шампионите на „Олимпико“ против европскиот првак Реал Мадрид, беше поздравен од публиката.
„Без вас немаше да бидам тоа што сум, а Ром секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Франческо Тоти, кој сега е дел од раководството на „волчицата“.
LIVE: Francesco @Totti – Hall of Fame https://t.co/kiTc1AeU7I
— AS Roma (@OfficialASRoma) November 27, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА