Франк де Бур нов селектор на Холандија

Франк де Бур е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. Со ова федерација го пополни испразнетото место откако Роналд Куман седна на клупата на Барселона.

Де Бур ќе потпише договор до 2022 година, што значи дека би требало да ги води „лалињата“ на ЕВРО 2021 и на Светското првенство во 2022 година.

Во последните две години, Франк де Бур беше на кормилото на Аталанта Јунајтед, клуб од МЛС – лигата на САД.

 

 

Се вчитува...