Франк де Бур: Подобро да бев позитивен на Covid-19, ќе стекнев имунитет

Холандскиот стратег Франк де Бур на интересен начин ја прокоментира информацијата дека е негативен на коронавирусот. Тој вели дека од една страна е среќен, но од друга страна можеби било и подобро да има позитивен тест, а потоа да изгради имунитет кон вирусот Covid-19. Франк де Бур се наоѓа во Соединетите Американски Држави каде е тренер на МЛС – тимот на Атланта Јунајтед.

„Не знам што е подобро, дали да се биде среќен зошто тестот е негативен или пак да имам позитивен тест со мали симптоми и потоа сите да изградиме имунитет кон вирусот Covid-19. Очигледно е дека ова направи комплетна блокада на САД, но и на целиот свет. Во моментот не е време да размислуваме за фудбал, туку да е спасат што е можно повеќе човечки животи“, изјави Франк де Бур.

 

 

Се вчитува...