Италијанскиот калчолигаш Милан успеа да го доведе Франк Кеси како ново засилување. Тој во наредните две години ќе игра како позајмен играч од Аталанта, а „росонерите“ се обврзаа да го купат во 2019 година. Кеси всушност во наредните пет години ќе биде играч на Милан и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона. Аталанта ќе добие 28 милиони евра отштета, плус дополнителни бонуси.
Милан веќе го купи Матео Мусакио од Вилјареал, се очекува официјализирање на трансферот на Рикардо Родригез од Вилјареал, а „бомбата“ треба да биде Алваро Мората од Реал Мадрид. Исто така, раководството на Милан е заинтересирано и за ангажман на Лукас Билја од Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА