Франк Лампард се враќа на „Стемфорд бриџ“ како асистент – тренер

Легендарниот играч за врска на Челси, Франк Лампард, ќе се врати во клубот во тренерска улога. Тој досега беше дел од Академијата на Челси, работеше со младите категории, но 39-годишниот Лампард сега е подготвен да се вклучи во работата со сениорскиот погон. Ова во Англија е протолкувано како сигурно заминување на Антонио Конте по завршувањето на сезоната, а Лампард треба да биде вклучен во стручниот штаб на следниот менаџер на лондонските „сини“.

Како главни кандидати за наследници на Конте се споменуваат Луис Енрике и Карло Анчелоти, а Франк Лампард бил „десна рака“ на новиот шеф.

Се вчитува...