Франк Рибери продолжува во Русија?

Францускиот ветеран Франк Рибери има примамлива понуда да ја продолжи кариерата во Русија. Локомотив Москва е клубот кој сака да го види одличниот крилен играч во својот тим за претстојната сезона. Рибери е слободен агент откако му истече договорот со Баерн Минхен и реши да замине по повеќе од една деценија.

ПСВ Ајндховен и Монако исто така испратија понуди до Рибери, но тој не сакаше да ги прифати.

Рибери за Баерн Минхен одигра 425 натпревари и постигна 124 гола, забележувајќи и 182 асистенции.

Се вчитува...