Франк Рибери уште една година во Баерн Минхен

Францускиот интернационалец Франк Рибери го продолжи договорот со Баерн Минхен за уште една сезона. Тој потпиша нов договор согласувајќи се да остане на „Алијанц арена“ до јуни 2019 година.

Ветеранот дојде во редовите на Баерн Минхен во 2007 година и оттогаш освои осум шампионски титули со баварскиот клуб.

„Многу сме задоволни што ќе го имаме Франк Рибери во нашиот тим и следната сезона. Тој на секој натпревар одново ги докажува своите врвни квалитети, а неговото искуство е непроценливо за тимот“, изјави спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.

Франк Рибери досега во дресот на Баерн Минхен има одиграно 247 натпревари и постигна 80 погодоци. Во 2013 година со клубот го освои трофејот во Лигата на шампионите и беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа.

 

Се вчитува...