Франк: Среќен сум и горд и покрај поразот

Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, се огласи по поразот на неговиот тим во натпреварот од Суперкупот на Европа против Пари Сен Жермен.

Ова беше негово официјално деби на клупата, и имаше предност од 2-0 се до 85. минута, а потоа прими два гола, па беше поразен на пенали.

„Игравме многу добро. Играме против еден од најдобрите тимови во светот, можеби најдобриот во моментов. Ги држевме точно таму каде што сакавме околу 80 минути, додека не го постигнавме голот за 2-1. Секако, тоа малку го промени моментумот, но има толку многу позитивни работи. Има многу работи за кои треба да се биде среќен. Покажавме дека можеме да бидеме прилагодливи и прагматични бидејќи мораше да играме против тим како ПСЖ. Начинот на кој сакавме да се браниме, и со висок притисок и со ниска одбрана, беше исклучително добар. Првото полувреме беше врвно – речиси совршено – и очигледно прекините беа исто така многу добри и многу опасни. Многу сум горд на тимот. Играше 85 минути совржено, без да се откажат и покажаа квалитет“, рече Френк.

Се вчитува...