Швајцарецот Фрањо фон Алмен е изненадувачкиот победник на супервелеслаломот во Венген во Светскиот куп во алпско скијање. Младиот 23-годишник го украде шоуто на Лауберхорн, со што ја освои првата победа во Светскиот куп во кариерата. Фон Алмен е веќе третиот швајцарски скијач кој „скија“ до премиерна победа сезонава по Џастин Мурисје (спуст во Бивер Крик) и Алексис Мони (спуст во Бормио).
Фон Алмен победи со 10 стотинки пред Австриецот Винсент Крихмајер, додека третото место му припадна на уште еден Швајцарец, Стефан Рогентин. Лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат имаше лош ден за негови стандарди и мораше да се задоволи со седмото место.
Во генералниот пласман води Одермат со 766 поени пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој има 574 поени, додека Швајцарецот Лоик Мелард е трет со 482 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

