Франс фудбал ги објави првите пет фудбалери кои ќе конкурираат за освојување на оводогинешната „Златна топка“.
Најскапиот фудбалер на светот, Бразилецот Нејмар е прв фаворит од петте номинирани. Напаѓачот на ПСЖ има импресивен старт на новата сезона, веднаш ги оправда средствата на „светците“ потрошени за неговите услуги.
По бразилската ѕвезда, следува капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ. Хрватот е „моторот“ на тимот на Реал Мадрид, сезоната 2016/2017 ја круниса со две титули, освојување на Ла Лига и одбраната на трофејот во Лигата на шампиони.
Пауло Дибала од Јувентус ја комплетира „тројката“ на главни фаворити за „Балон Дор“. Арентинскиот „бисер“ прерасна во вистински лидер на Јувентус, а оваа сезона ја започна со фантастична голгетерска серија.
Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, важи за еден од најзаслужните играчи на „кралевите“ за двојната круна од минатата сезона.
Играчот за врска на Челси, Нголо Канте, е првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата, кој успеал да ја освои титулата во првенството во две последователни сезона, со два различни клубови (Челси и Лестер).
Комплетниот список од 30 фудбалери, поточно останатите 25 ќе бидат објавени денес, по 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА