Престижниот француски магазин „Франс Фудбал“ го избра Мануел Нојер (Германија) од Баерн Минхен за најдобар голман за изминатата 2017 година. Можеби малку неочекувано, со оглед дека поголем дел од сезоната е повреден, но според неговите квалитети, сосема заслужена награда.
„Франс Фудбал“ ја раскина соработката со ФИФА и сега повторно самостојно ќе ги доделува престижните признанија, а има формирано посебни одбори од поранешни фудбалери, кои ги даваат своите гласови за кандидатите. За најдобриот голман одлучуваат поранешните чувари на мрежата, Сантијаго Кањизарес, Лионел Летизи, Сеп Мајер, Марк Шварцер и Франческо Толдо.
Мануел Нојер доби вкупно 30 бода во гласањето и убедливо го освои првото место, пред Џанлуиџи Буфон (Италија) од Јувентус со 13 бода, и Тибо Куртоа (Белгија) со 9 бода. Следуваат Хуго Лорис (Франција) од Тотенхем и Јан Облак (Словенија) од Атлетико Мадрид со по 7 бода, а дури зад нив се Кејлор Навас (Костарика) од Реал Мадрид со 5 бода и Давид де Хеа (Шпанија) од Манчестер јунајтед со 4 бода.
Гласови добија и Марк Андре Тер Штеген (Германија) од Барселона со 3 бода и Самир Хандановиќ (Словенија) од Интер со 2 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА