Англискиот премиерлигаш Челси води разговори со Лорен Блан, поранешниот тренер на ПСЖ, околу можноста за негов потенцијален ангажман на „Стемфорд бриџ“. Оваа информација ја пласираше угледниот „Франс фудбал“, што дава уште поголема тежина дека не се работи за обична шпекулација. Наводно, директорката на Челси, Марина Гранковскаја, веќе имала неколку средби со Лорен Блан, од која последната во Париз.
Лондонскиот тим се поврзуваше со Маурицио Сари, досегашниот тренер на Наполи, но за него треба да плати и отштета. Очигледно дека Лорен Блан, кој е без ангажман, е поевтина варијанта. Јасно е дека Антонио Конте ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, а се уште е неизвесно кој ќе го замени на клупата на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА