Трет пораз на македонската кадетска репрезентација за жени на ЕП за ракометарки до 17 години. Вечерва Франција беше подобар противник, и апсолутно заслужено победи. Нашата селекција сега чека натпревари за разигрување од 9 до 16 место.
Франција по првиот дел имаше предност од убедливи 15:4, и уште тука приказната веќе беше завршена. Во вториот дел нешто подобра игра во нападот на нашата селекција, па стигна до 15 голови, додека Французинките „застанаа“ на 31, за конечни 31-15.
Трпеска со четири голови беше најефикасна во нашиот репрезентативен табор. Претходно кадетките беа поразени од Унгарија и од Романија, и го зазедоа последното место, и сега ќе играат во разигрувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА