Франција без Дембеле до крајот на ЕП 2020

Поради здобиената повреда, фудбалерот на француската репрезентација, Усман Дембеле нема да може да му помогне на својот тим до крајот на Европското првенство. На дуелот со Унгарија (1-1), Дембеле помина само 22 минути во иггра, а потоа го напушти теренот со болна гримаса.

Според медицинскиот извештај, се испостави дека станува збор за проблем со коленото, поради што 24-годишниот фудбалер на Барселона ќе мора да отсуствува три недели. Дембеле веќе го напуштил тренинг камп центарот.

За потсетување, пред ремито со Унгарија, Франција ја совлада Германија со 1-0, а во последното коло „петлите“ ќе се сретнат со Португалија, меч кој е закажан за среда со почеток од 21 часот.

Се вчитува...