Франција без еден од најдобрите на Мундијалот

Француската ракометна репрезентација остана без услугите на Елохим Пранди на престојното Светско првенство во јануари, поради повреда. Францускиот репрезентативец се повреди на мечот помеѓу Франција и Шведска, кога го измести левото рамо.

Беше принуден да го напушти мечот, а дополнителните прегледи открија дислокација на левото рамо. Неговиот клуб отсуството го проценува на неколку месеци.

Со оглед дека имаше одличен старт на сезоната за ПСЖ и во првенството и во Лигата на шампионите, за Франција ова е голем хендикеп. Веќе е извесно дека нема да игра на Мундијалот.

Франција е еден од потенцијалните ривали на Македонија на првенството.

Се вчитува...