Франција без Ферлан Менди против Италија и Белгија

Францускиот репрезентативец Ферлан Менди поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Италија и Белгија во Лигата на нации, објави селекторот на „триколорите“ Дидие Дешам.

Менди е член на Реал Мадрид, а поради повреда на потколеницата ќе ги пропушти дуелите против Италија и Белгија. Тој се повреди на вчерашниот натпревар од 4. коло на шпанската Ла Лига помеѓу Реал и Бетис (2-0). Дешам реши да го повика во репрезентацијата играчот на Евертон, Лукас Дињ наместо Менди.

ФФФ соопшти дека по договор меѓу лекарскиот тим на Реал и француската репрезентација, одлучено е Менди да го продолжи лекувањето во мадридскиот клуб. На 6. септември Франција ќе ја пречека Италија во Париз во првото коло од групата А2 од Лигата на нации, а три дена подоцна во Лион ќе игра со Белгија.

Се вчитува...