Доскорешниот кошаркар на Партизан кој во новата сезона ќе ги браните боите на Панатинаикос, Матијас Лесор нема да биде дел од репрезентацијата на Франција за престојното Светско првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија.
Центарот кој неодмна се мачеше со повреда сака да се посвети на потполна рехабилитација со цел да биде подготовен за првата сезона во дресот на атинскиот гигант, пренесуваат европските медиуми.
„Приоритет за Лесор е да биде максимално подготвен за стартот од новата сезона со новиот клуб, поради што нема да настапи за својата репрезентација на претстојниот Мундобаскет“, пишуваат грчките медиуми.
Mathias Lessort will reportedly skip the upcoming World Cup with France in order to be ready for Panathinaikos’ training camp ❌ pic.twitter.com/dSGUTjiItT
— BasketNews (@BasketNews_com) August 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

